Ова е најубавата чоколадна торта што ја имам пробано. Пробајте и вие!
Јајцата ги делиме во посебен сад белките, во друг сад жолчките.
Жолчките ги матиме со шеќерот убаво додека се згустат. Ги додаваме мелените ореви и стопеното чоколадо.
Изматените белки ги додаваме во смесата со жолчки и нежно мешаме.
Тортата се пече во подмачкан плех број 28 околу 40 мин во рерна загреана на 190 степени.(внимавајте да не ја препечете)
Глазура
Сите состојки се ставаат во сад на пареа и со мешање се чека да се соединат.
Тортата се полева со глазурата и се украсува со рендано чоколадо или мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови