Одамна сакав да ја испробам оваа комбинација во форма на еклер и излезе дека не згрешив. Кремаст фил со вкус на кикирики и вкусен џем е навистина полн погодок.

- Во тенџере се става водата, маслото, циметот и солта, се загрева до вриење. Постојано мешајќи со дрвена лажица се додава просеаното брашно.
- Смесата се остава да се подизлади, па се додаваат едно по едно јајцата и се мешаат со миксер до воедначена смеса.
- Тестото се префрла во силиконски шприц или кеса и се формираат помали долгнавести еклери.
- Се печат 15-20 минути на 200Ц без отварање на рерната.
- Изладени се сечат на половина.
- За филот во сад со миксер се соединува крем сирењето заедно со путерот од кикирики и медот.
- На секој еклер најпрво нанесуваме по една лажичка мармалад, а потоа со помош на шприц и приготвениот фил.
- По желба на секој еклер наросуваме цимет во прав.

Напомена
Декорацијата може да биде и класична со растопена чоколада, но јас сметав дека е веќе доволно богато на вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови