Подлога
- Во измелените бисквити ставете го омекнатиот (на собна температура) путер (може и маргарин) и шеќерот. Измесете го целото тоа заедно да добиете една убава смеса податлива за работа или пак уште поедноставно - иситнете ги на помали парчиња бисквитите, додадете го маргаринот и шеќерот и во блендер целото тоа изработете го. Добиената смеса втиснете ја во модлата (бр.24) рамноерно по дното и ѕидовите.
Вклучете ја рерната на 200 степени, додека се загрее вие изработете го кремот
Крем
- Одвојте ги белкитге и жолчките. Сматете ги белките во цврст шам. Во друг сад изматете ги жолчките и шеќерот, ванилата и лимоновиот сок, додадете ја во него киселата павлака или крем сирењето, за да на крајот внимателно додадете го шамот од белки и измешајте со шпатула. (ова постапка не одзема многу време)
Понатамошна постапка.
Во веќе загреаната рерна ставете ја модлата и нека се пече подлогата 5 мин., извадете ја модлата од рерната, а притоа намалете ја температурата на 170 степени.
Во модлата ставете го кремот, вратете назад во рерната и нека печи 20-25 мин.
Додека се пече - спремете глазурата
Глазура
- Во сад изматете ја павлакта со шеќерот и ванилата.
Откако чизкејкот односно кремот е печен (и да напука по површината нема ништо страшно, во ред е), исклучете ја рерната, извадете ја модлата, налијте ја одозгора глазурата од павлака, вратете назад во рерната нека стои околу 5-6 минути. Извадете. Најтешкиот дел веќе - трпението да чекате добро да се олади, зацврсти, како би се комплет извади од модлата и ви останува да навистина уживате во вкусовите.
Напомена
Модлата мора да биде на откопчување. Овој пат одлучив да го приготвам во мали модли на откопчување од проста причина - ми беше некако интересно да направам мали.
Најдобро е да се почека наредниот ден да се служи, значи повеќе време да одстои во фрижидер - затоа е и најтешкиот дел од постапката токму времето на чекање.
Јас користам мелена плазма бискоти, вкусот некако ми најсовршено одговара овде.

И така драги мои... некако дојде на ред овој мој Јубилеен рецепт кој настана токму овде дружејки се со сите вас. Благодарам на вашето внимание. Благодарнот на Тимот на Мои Рецепти за нивното неуморно работење и трпение - за нивната успешна мисија за да направат нешто свое, а истовремено и наше, благодарност за фкатот што ни овозможија овде да се дружиме. Полека, но сигурно сите ние направивме едно нивно и наше катче каде што се пронаогаме, учиме и црпиме искуства. Ќе остане најомилената и најчитаната страница, притоа создавајки едно големо друштво.
Поздрав за сите вас....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани