1. За подготовка на корите најпрво се промешуваат 2,5 чаши брашно со останатите суви состојки.
2. На страна се матат путерот и шеќерот. Се додава јајцето, павлаката и сувите состојки.
3. Тестото се замесува со рака и по потреба се додава од останатото брашното, не многу да не станат корите многу тврди.
4. Тестото се дели на 8 дела, се обликуваат топчиња и се ставаат да одстојат мин. 1ч во фрижидер.
5. Потоа од секое топче се расукува тенка кора, отприлика 18-19 см. и се печат во рерна, на хартија за печење, кратко време 6-7 мин на 180Ц
6. За кремот со миксер се мати путерот на собна температура со дулче де лече за да се добие изедначен крем. Се додава ванила и со кремот, отприлика 1,5-2 лажици, се филуваат корите и се редат една врз друга во обрач за торта.
7. Горната кора не ја филувајте и така ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, најдобро преку ноќ.
8. Утредента извадете ја тортата од обрачот, премачкајте ја од страна со тенок слој од филот и украсете со толчени лешници. Во остатокот од филот додадете го какаото и ликерот и со тоа премачкајте и украсете ја тортата одозгора.
9. По желба може да направите ѕвезди од бело чоколадо и тие да ги употребите за украсување.
*чашата е од 250 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови