Ситно исечканата кора на коцкички од портокал заедно со медот, маргаринот, шеќерот и зачините за медењаци се загрева додека се не се стопи и соедини. Слободно можи да се остави да зоврие. Се трга на страна да олади.

Се мешаат сувите состојки и во нив се додава течноста со медот и се меси глатко тесто.
Тестото се расплескува во калап 20х20 обложен со пек хартија и се остава во фрижидер преку ноќ.

Утрото се боцка на неколку места со вилушка и се печи на 170С 20 минути.

Оладеното тесто се премачкува со желето. Желе има да се купи готово, а ако не најдите можи сами да си спремите со додаток на желатин во сварено црвено овошје по избор (малини, јагоди, шумско овошје).

Марципанот се меси со румот и шеќерот во прав и се развлекува помеѓу 2 листа на пек хартија или целофан и се нанесува врз желето.

Се сечат правоаголни парчиња и секое парче се мака во стопеното чоколадо со маргарин.
Одозгора точките за домино се бележат со бело чоколадо или ајсинг глазура.

Колку повеќе стојат, толку помеко и повкусно им станува тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови