Најпрво во еден сад ги ставаме водата и млекото да се топлат.

Откако ќе се стоплат во нив ги додаваме шеќерот, квасецот и путерот и мешаме додека не се стопат.

Во друг сад додаваме половина од брашното и ја ставаме солта, па додаваме од течноста и постепено од брашното и месиме средно меко тесто.

Тестото го оставаме да нарасне.

Откако ќе нарасне од него формираме какво сакаме да ни биде лепчето.

Потоа повторно го оставаме да нарасне.

Печеме во загреана рерна на 180 С околу 30 минути, па на 150 уште 15-20мин.

Кога ќе го извадиме од рерна го премачкуваме со масло и го покриваме да отстои.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови