Овие прекрасни лепчиња се меки и шупливи.
Можете да ги користите како за лепиња.
Во сад се промешува квсецот,со шеќерот и малку брашно.
Се промешува и се остава 5 минути. Потоа се додава млаката вода, киселото млеко, маслото, па постепено додавајте го брашното и солта.
Замесете меко накај лепливо тесто.
Прекријате го садот со најлонска фолија и оставете да се дуплира тестотооколу 40 минути.
Наросете брашно на масата и размесете околу 12 топчиња.
Оставете да постојат.
Откако се одмориле, од секое топче растегнувајте кора и редете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
Оставете пак да одморат околу 10минути. Печете во загреана рерна на 200 степени.
Потребно име околу 10минути печење, но вие пратете си ги, заради тоа што секој шпорет различно пече.
Постои уште еден начин на печење, а тоа е во тава на оган.
Се печат како палачинките, но не се намрсува тавата.
Дирекно на оган одат. Се дујат како крофни и се превртуваат од двете страни.
Значи,ако печете во рерна, нема превртување, а ако печете во тава тогаш морате да превртите.
На здравје со овие прекрасни лепчиња.
Напомена,
Можете да ја правите и посната варијанта, без кисело млеко.
Тогаш ставете 600мл млака вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови