Амурот го ставаме во подлабок сад.
Лукот го толчиме со малку сол и додаваме неколку лажици масло, постепено и цело време толчиме и триеме во аванот, додека добиеме кремаста смеса од лукот.
Го додаваме во меленото месо.
Го додаваме кашкавалот и зачините.
Убаво се‘ соединуваме месејќи со рака.
Со намрсени дланки ги обликоваме уштипците по саканата големина.
Во дел додадов ситно сецкано луто суво,црвено, потпечено пиперче.
Ги печеме на скара, додека убаво поруменат од двете страни.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани