Прво го правиме тестото за таљателите. Го ставаме брашното и во срединта ги кршиме јајцата, додаваме прстофат сол и 2 лажици маслинов зејтин. Полека со вилушка матиме земајки полека од брашното. На крај месиме и со рацете за да добиеме покомпактно тесто. Го премачкуваме со маслинов зејтин, го замотуваме со најлонска фолија и го оставме во фрижидер барем 30 минути.
Сега тестото го делиме на 2 дела. Секој дел го ставаме врз набрашнета површина и сукаме со сукалото голема кора(пречник околу 40 сантиметри или дебелина околу 2 милиметри). Ја виткаме кората во ролат и сечеме ленти со ширина од 1 сантиметар. Ги оставаме на набрашнета површина да се потсушат ( јас ги сушев 1 час).
За подготовка на сосот во тава прво ја запржуваме сланината исечена на ленти. Потоа ги додаваме шампињоните и ситно сечениот лук. Во блендер ги сомелуваме доматите и ги додаваме и нив во тавата. На крај додаваме сол,оригано и босилок.
Во поголемо тенџере ставаме вода и сол.Откако ќе зоврие се додаваат таљателите. Се варат 3-4 минути.Кога се готови,се цедат од водата и се мешаат со готовиот сос. Пред служење се посолува со пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови