
Домашни мачмалоу
Ставете го на вага какаото па додадете го брашното заедно да биде 450 гр,додавајте ги останатите суви состојки. Потоа додадете ги маргаринот и јајцата и замесете со рака мазно тесто. Ставете го во најлонска фолија и во ладилник 1 час.
Работната површина убаво наросете ја со брашно и развлечете кора што потенка бидејки колачите во текот на печењето ќе нараснат.
Со кружен калап или чаша за ракија вадете кругови и редете ги на тепсија обложена со хартија за печење.
Печете на 200 степени 7-8 минути.
Пена
Желатинот потопете го со 4 супени лажици ладна вода и оставете го 15 минути на набабри.
Помешајте ја водата, шеќерот и медот и ставете ја да проврие. Намалете ја температурата и варете 5 минути на тивко, потоа тргнете го и додадете го желатинот.
Белките изматете ги во цврст снег и потоа полека дојдавајте по малку од желатинот и матете додека добиете цврста пена. Јас матев скоро 20 минути.
Од пената ставете во шприц или едноставно со мало лажиче ставајте врз секој круг и оставете да се сушат на собна температура најмалку 4-5 часа.
Глазура
-Чоколадото растопете го со маслото и секое колаче белиот дел потопете го и оставете да се стегне чоколадото и уживајте.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%83
https://moirecepti.mk/post/m%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%83