Топло ви го препорачувам овој рецепт за домашна едноставна, но многу вкусна паштета.

Месото исечете го на парчиња и заедно со кромидот и морковите ставете да се вари.
При крај на варењето додајте го магдоносот.

Свареното месо и зеленчук процедете ги и ставете во блендер. Додајте го лукчето, зрната коријандер и путерот.
Убаво изблендирајте, со додавање на малку од водата во која е варено месото.

На крај посолете и затворете во тегличка.

Со пилешко многу ни се допадна, следен пат ќе пробам со мисиркино и телешко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани