Вовед за оние кои како мене кои не разликуваат Мусли од Гранола.
Првично овој рецепт кај мене во фолдер го носеше името Мусли. Но, неодамна извадениот рецепт на Албетина, ме замисли кое е всушност правилното. Така изгуглав и наидов на едно фино објаснување. Муслите се сирова мешавина и создадени се во Швајцарија, а додека во блиско време во Америка се создала Гранолата која се разликува со тоа што се потпекува и најчесто содржи масти во мешавината за да можи да ги сврзи состојките.
И така, на крај, овие мусли ги преименував во гранола

Лешниците и бадемите се ставаат во кеса и се толчат со толчник или сукалка. Кратко, на 2 пати по 2 минути се ставаат во микробранова да се потпечат. Исто и сусамот.

Се мешаат сувите состојки заедно без чоколадото и потоа се додава путерот, медот, сирупот и се меси додека не стани компактно ронливо тесто. При крај можно е да е потребно додавање на вода доколку состојките не се соединат и останат суви и тоа е најчесто 1-2 лажици (внимавајте да не претерате).

Смесата се истура во плех обложен со пек –хартија и се печи на 150С околу 30на минути со тоа што повремено се отвора рерната и се меша за секаде рамномерно да се испечи.

Откако ќе олади се бери во стаклена тегла или кеса која убаво се затвора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови