1. Бадемите и оревите се сечкаат не многу ситно.
2. Во тавичка со хартија за печење се ставаат сите состојки со исклучок на ананасот.
3. Се промешува убаво да се соединат сите состојки.
4. Тавичката се става во загреана рерна на 180-200 степени и се печи 30-40 минути со промешување 2-3 пати.
5. Сушениот ананас се сечка на парчиња и се додава во готовата гранола, се промешува и се остава да се олади.
6. Готовата гранола тропикана се прибира во тегла и теглата се става на повисоко место затоа што има ризик за брзо да исчезне =)

Мене најмногу ми се допаѓа со кисело млеко и шумско овошје, а вие конзумирајте ја по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови