Ова е многу стар рецепт за алва од мојата мајка. Алвата е превкусна и свиленкаста.

Прво се става во тенџере на шпорет на умерена температура да се пржи маслото со брашното.
Постојано се меша.
Истовремено во друго тенџере се вари шербет од шеќерот и водата.
Кога брашното ќе добие светло кафеава до средно кафеава боја постепено со кутлача се додава шербетот. Не заборавајте постојано да мешате.
Кога алвата ќе добие свиленкаст изглед тргнете ја настрана.
Формата на послужување ја одредувате сами, дали сакате во модла или сакате да вадите топчести форми со лажица е ваш избор.
Ние алвава секогаш ја јадеме со мелени или толчени ореви и бадеми, а понекогаш како во овој случај малку и мед.
Шољата е 100мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови