Додека живеевме во Македонија мене и на мојот син омилени грицки ни беше Bake Rolls, но за жал тука во Австралија го нема па од таа причина се одлучив да пробам да си направам сама и успеав. Сега сакам рецептот да го споделам и со сите вас кои ви недостига нивниот вкус.
Кришките леб прво убаво се сплеснуваат со помош на сукало, потоа со помош на чаша се вадат кругови. Кругчињата леб се редаат во плех обложен со хартија за печење, се попрскуваат од двете страни со масло и се поросуваат со солта со вкус на лук.
Се печат на 200Ц додека убаво не поцрвенат од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови