Ставете го шеќерот во блендер и изблендирајте, да стане како брашно.
Додајте ги претходно запечените и излупени лешници и продолжете со блендирање, додека и лешниците станат како брашно.
Во млаз додајте го маслото и блендирајте додека се соедини убаво маслото со шеќерот и лешниците.

На пареа растопете го чоколадото и млекото, па додајте го во смесата со лешници.
Изблендирајте.
Добиениот крем ставете го на пареа да се дорастопи шеќерот.

Соберете во стаклен сад и оставете да се олади на собна температура, а потоа во фрижидер да се стегне малку.

Забелешка
Јас користев чоколадо со 52% какао, а можете да употребите и повисок процент на какао или кој сака може да си стави и млечно чоколадо, но ќе треба да се намали на шеќерот.

Кремов е превкусен и е помала доза(го правев за проба).
Следен пат сигурно ке биде најмалку дупла доза.

Може кремов да го направите и во посна варијанта, со тоа што ќе употребите растително млеко-препорачувам оризово.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани