Ете ме мене под импресии со новиот апарат за сладолед ... феноменален е! Го препорачувам на сите сладоледољупци! хаха!

1. Изматете го шлагот со млекото според упатството. Ќе добиете многу густ шлаг крем, а таков и ќе ви треба.
2. Во киселата павлака ставете го шеќерот во прав и измешајте со лажица. (Прилагодете ја количината на шеќер според ваш вкус!)
3. Шлагот и павлаката спојте ги со нежно промешување.
4. Долниот дел од апаратот за сладолед извадете го од замрзнувач. Наместете ги сите делови од апаратот и вклучете го.
5. Веднаш почнете со додавање од смесата за сладолед. Додавајте етапно и пополека низ отворот, за да убаво се мати смесата и да не биде нагло додавањето!
6. За оваа количина, ми беше потребно околу 25 мин, скоро до половина час да се матат и ладат состојките.

-За тоа време го подготвив овошниот сос. Сливите ги исецкав на поситни парченца. Користев од меснатите сливи со мали семки, бидејќи се многу сочни и меки внатре кога се добро созреани. Ги ставив да се крчкаат на тивок оган и им додадов шеќер. (Прилагодете ја количината на шеќер според ваш вкус!)
Се крчкаа околу 10тина мин, односно додека да се згусне сосот. На крај ги тргнав од оган и ставив цимет, морско оревче и рум. Се заедно измешав и оставив да се олади.

* Од основата за сладолед, направив овошна и чоколадна комбинација.
Ставив 2 лажици сладолед, 1 лажица сос од сливи, потоа повторно 2 лажици сладолед, па од сосот и на крај ставив неколку чоколадни брусници.
* За чоколадниот сладолед беше слично...ставив 2 лажици сладолед, потоа одозгора чоколаден прелив и малце промешав, наросив чоколадни капки, потоа повторно сладолед, прелив и капки!

Толку едноставно, а превкусно!

*Истата смеса можете да ја изматите, измешате и смрзнете и повторно ќе добиете вкусен сладолед. Разлика сигурно дека ќе има, бидејќи во апаратот за сладолед со постојаното мешање и ладење, се доби многу пенаст и вкусен сладолед.
*Ако сакате ванила сладолед, само додадете ванила аома во основата и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови