Благодарност на мојата пријателка Кика за убавиот домашен рецепт.

Јас не ставив конзерванс заради тоа што правев помала дозакоја не стоеше долго. Еве го рецептот.

Патлиџаните и фефеонките се ставаат во сад на оган да омекнат, па се минат во машинка со која се вадат и семките и лушпите.

Се префрла во сад на оган се додава оригано и се остава да повари.

Вари се додека водата не им испари.

Промешувајте да не загори.

Се додава оцедот и солта, а потоа и шеќерот за да му испадне киселината.

Откако веќе водата е испарена,се гледа дека е останата кашеста домата,извадете од садот малку од домата,па оставете да излади.

Штом ќе излади промешајте го нишестетои постепено ставајте го во садот на оганот.

Мешајте континуирано, да не загори,а да добие убава густина.

Штом е готово, собирајте го во чисти стаклени тегли или шишиња и веднаш уште топли затварајте ги.

Покријте ги со нешто и оставете така да изладат.Ние секоја зимница ја покриваме така и ја оставаме да излади. Кренете си ги шишенцата некаде кај останатата зимница.

Одличен е кечапот за се, и за сосови,и за пици.

На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови