Во намастено тавче се редат една врз друга 3 кори и врвовите од корите излегуваат надвор од тавата за да може на крајот да се префрлат над бурекот. Секоја кора се попрскува со преливот. Потоа се редат уште три кори една врз друга но овојпат се згужвани и секоја од нив е попрскана со преливот. Потоа се става од филот со издробено сирење и јајца и постапката се повторува со остатокот од корите и филот. На крај треба да останат 3 кори кои ги попрскуваме само со преливот и го затвараме бурекот со врвовите од корите кои висеа од тавчето. Доколку ви остане од преливот слободно попрскајте врз бурекот, треба се потроши целата количина.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови