Ова е мојот начин на приготвување бурек.
Дојдов во Македонија од друга држава во која тесто се подготвува на друг начин, не научив да сукам. Сакајќи да направам бурек за моите домашни, ми дојде идеја дека можам да направам со помош на машинка за јуфки.
Во едно вангличе ставете брашно, сув квасец, малку сол, малку шеќер, додадете топла вода и замесете тесто. Оставете го да нарасне.
Кромидот ситно исечете го, ставете да се пржи, кога ќе се подпржи додадете мелено месо, посолете додајте црн пипер, сув зеленчук и попржете 5 минути.
Нараснатото тесто поделете го на помали топчиња.
Едно топче пропуштете на машинка за јуфки прво на бројот 3, а потоа на бројот 9. Така ќе ви испадне долга лента.
Тавчето намрсете го со зејтин и редете три такви ленти. Лентите попрскајте ги малку со зејтин и кисела вода. Врз лентите ставајте мелено месо, одозгора пак три ленти и пак мелено месо, така редете додека не се потроши тестото. Врз корите попрскајте со зејтин. И одозгора по желба ставајте сусам или ленено семе.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Многу вкусен и убав бурек на мојот начин. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани