Имам правено многу пати бурек од домашни кори.
Сум ги спремала по разни рецепти.
Овој пат мислам дека се постигна совршенството.
Овој пат бев најблиску до оргиналот.
Се подготвува фил од 350 мл вода,100 мл масло и сол.
Сето тоа зоврива, па се трга настрана да малку истине.
Се додава пецивото кога е млако.

Корите се распаковаат.
На дното на тавата се мачка маргарин.
Се реди една кора,а потоа уште една врз неа.
Се попрскува од филот.
Корите излегуваат од тавата и тоа нека остане така.
Врз попрсканата кора се редат три кори наеднаш,но не рамно туку згужвани сите три.
Над корите се попрскува дробено сирење и пак се попрскува со течноста.
Постапката ја повторувате,се додека имате кори.
Значи две кори, течност,сирење,три набрани кори,па течност ,па сирење....
На крајот гледајте да завршите со две кори.
Попрскајте добро со течноста,и со рацете пополека притиснувајте по краевите на тавата.
Од страната превртете ги корите навнатре и убаво премачкајте со течноста.
Ставете да се пече во загреана рерна.
Печете 20 минути.
Потоа превртете го бурекот од другата страна и оставете да порумени.
Извадете од рерна,нека постои уште 5 минути покриен со крпа.
Сечете и сервирајте.
За вкусот ќе чекам да кажете вие.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови