Во едно книгиче во мојата колекција, ја најдов оваа прекрасна супа.
Ја подготвив еднаш, па ми стана секојдневие.
Вкусот за нас прекрасен. Пишуваше да се зачини со мешан зачин и сол, но мене на овој начин ми е подобра, па јас не зачинив плус.
Доматите ги излупив пред подготовката.

Во сад на оган се става коцката за супа да се раствори и да зоврие.
Патлиџаните се лупат и се рендаат и се додаваат во садот на оган.
Се додава и фидето.
Се остава да се вари околу 15 минути и се трга на страна.
Се става путерот и власецот, па се остава уште 5 минути.
Пред да се служи, се наросува со ренданиот кашкавал и ситно цепкан магдонос.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови