Брз и едноставен начин за подготовка на зимница за љубителите на домати.
Овие домати можат да се користат како основа за подготовка на сосови или како додаток во манџи.
Прво доматите ги миеме и ги лупиме.
Потоа ги сечеме на средно-крупни парчиња и ги ставаме во чисти тегли.
Теглите ги затвораме со капаци и ги ставаме во високо тенџере во кое врие вода. Ги вариме околу 15 минути за да се вакумираат.Во истотото тенџере ги оставаме до наредниот ден,па ги складираме на ладно место.
-во некои тегли ставив по едно свежо феферонче за доматите да добијат пикантен вкус.
-мерки не ставив затоа што можете да направите со онолку домати колку што имате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови