Доматите се печат во рерна, се лупат и можи по малку да се згмечат со алатка за пире.
Се ставаат да се варат со сите наведени состојки, сем морковчињата и пиперчињата.Тие се додаваат при крајот. Пиперчињата претходно се подпекуваат по малку.
Се вари околу 45 мин.-1 час на појак оган, т.e. до саканата густина.
Се собира жешко во жешки стерилни тегли. Се покрива и се остава до другиот ден, така да се излади.
Многу е вкусно...
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани