Прво измиените домати ги лупиме и сецкаме на ситни парчиња.
Ги ставаме во тенџерето во кое ќе ја вариме доматата.
Оставаме на тивко да крчка околу 40 минути и потоа со стапчест миксер ја изедначуваме смесата.
Сега ги ставаме жалфијата, ловоровиот лист, шеќерот, маслото, солта, оцетот, ориганото, сецканиот лук, биберот и вариме на тивко уште околу 40 минути.
Но се зависи од водливоста на самиот домат.
Вариме до посакуваната густина.Пред крај го додаваме сецканиот магдонос.
Жешката домата ја прибираме во жешки, чисти тегли и ја замотуваме во волнено кебенце.
Нека одстои така се додека потполно не излади и правец на рафт за зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани