Овој мус,спој на интересни состојки,се подготвува во нутрибулет или сецко.
Служи како додаток на месо и има необично пикантен вкус.

Мангото ќе го преполовите и со лажица ќе ја извадите внатрешноста.
Чили пиперчињата кои претходно ги измивте ги додавате во нутрито.
Зачинуваме со горенаведените зачини, па полеваме 100мл сок од портокал.
Миксираме добро.
Треба да добиете убава густа смеса.
Соберете го во тегличе и чувајте во ладилник, не многу долго.
Убаво е да се конзумира свежо направен.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови