Исечкајте го кромидот не многу ситно, пиперката на плочки и морковот на кругови.
Месото исечкајте го на поситни парчиња и со малку масло запржете го во тенџерето.
Откако ќе запржи додадете го зеленчукот и печурките, измешајте и додадете вода да го прекрие сето.
Дотурете малку маслиново масло, поклопете со капак и намалете на помалку од средна јачина на ринглата и оставете да се крчка скоро час време. Потоа додадете ги зачините наведени до солта, и оставете го уште еден час најмалку.
Кога течноста ќе стани доволна за сос, растворете ги брашното и пиперот со ладна вода и измешајте го во тенџерето. Додадете го сега и ловоровиот лист и магдоносот. Нека повари уште 5-10 минути и исклучете ја ринглата, готово.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани