Свинското месо се сече на мали парчиња. Се става во подлабок сад со капак, се посолува. Се додаваат течностите вклучувајќи ја и водата која треба да ја има доволно да го покрие месото. Нека отстои така 20-30 минути покриено со капак. Потоа се става на тивок оган (1/5 од 3 на ринглата) и се остава да се динста (затворено) со повремено промешување.
Кога ќе поминат 2 часа го отвораме капакот и малку ја зголемуваме јачината на ринглата и оставаме водата сосема да изврие. Тргаме на страна и оставаме така да отстои 20 минути. Тогаш е сосема готово и спремно за послужување, сочно, меко и превкусно!
Може да се служи со прилог по желба.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови