Нека не ве залажува името, освен што се добри за дигестијата, овие залачиња се вистински енергетски бомби и одличен посен десерт.
Јас ги јадам наутро а со некои измени на рецептот може да добиете здрав, посен, вегански енергетски десерт.
Повелете

100 гр суви сливи се накиснуваат во млака вода 30 мин заедно со
1 лажиче ленено семе и
1 лажица чиа семе
Се цеди вишокот вода и се ставаат во блендер. Се додава
100 гр бадеми
100 гр лешници
1 лажица мед
1 лажица кокосово масло
50 мл врело еспресо
50 гр кокосово брашно
1 лажиче цимет
Се блендира убаво па од смесата со влажни раце се прават топчиња и се валкаат по желба во кокос/чиа/какао/овесни снегулки...

* по овој рецепт се препорачуваат две на ден, најдобро наутро

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови