Во подлабок сад ги ставаме јајцето, шеќерот, 3 лажички екстракт од малина, малку розева прехранбена боја растворена со една лажичка вода.
Мешаме убаво да се соединат состојките, потоа го додаваме растопениот путер и постепено го додаваме брашното претходно помешано со 1 лажичка прашок за печиво.
Мешаме со вилушка и ја оставаме смесата 1 час во фрижидер да се стегни.
Тестото го расукуваме на набрашнета површина и вадиме форми со калапчиња.
Може да си ги украсите и со шарени бонбончиња.
Колачињата ги редиме на плехче обложено со хартија за печење и печиме на 180 степени, 10 минути.
Чекаме да се изладат колачињата и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови