Убава, кремаста, вкусна и декоративна торта, особено наменета за детски роденден. Декорацијата и количината на шеќер прилагодете ги според вкус, потреба и можност.
Не бев во можност да го прикажам пресекот на тортата, бидејќи ми беше за носење, но затоа можам да гарантирам дека вкусот е одличен!
1. Белките се матат со миксер во цврст снег, со постепено додавање на шеќерот.
2. Рерната се загрева на 200 степени.
3. Во изматените белки се додаваат и останатите состојки за тесто почнувајќи од брашното, па пецивото, па на крај кокосот и трошките.
4. Убаво се меша добиената смеса и се дели на два еднакви дела.
5. Се истура во две исти тави за печење (големина 28) и се пече на 180 степени, најмногу 10 минути. Кога се печени, бисквитните теста ќе се одделат од краевите на тавчињата за печење и убаво ќе поруменат. Не заборавајте да ги обложите со хартија за печење пред да ја истурите смесата или пак да ги намаслите и набрашните.
6. Откако ќе ги испечете, покријте ги со крпа и оставете ги да се изладат.
7. 400 мл. од млекото измешајте со 5 лажици шеќер и ставете го во тенџере на оган да се загрева.
8. Жолчките, ванилата, вторите 5 лажици шеќер, брашното и 100 мл. млеко убаво изматете ги со миксер или изблендирајте ги.
9. Оваа смеса се додава во млекото кое веќе врие. Тогаш се исклучува ринглата и се меша додека да се добие густа смеса како пудинг.
10. Потоа тргаме на страна, покриваме и оставаме да се излади.
11. Путерот (кој треба да е многу мек) го ставаме во вангла со шеќерот во прав и убаво го матиме со миксер.
12. Лажица по лажица додаваме од изладениот крем од жолчки и матиме со миксер.
13. Потоа го додаваме и претходно стопеното бело чоколадо.
14. Уште еднаш темелно матиме со миксер и се префрламе на филување на тортата.
15. Ако забележите дека кремот е премногу течен, ставете го 20 минути во фрижидер, па потоа почнете да филувате.
16. Филувањето оди – бисквитно тесто, крем, кроасани (гледајте да ја исполните целата површина, да не остане празно место), крем, второто бисквитно тесто, пак крем и премачкување врз целата торта.
17. Ролерите се лепат околу тортата и им се врзува панделката за да се стегнат убаво околу тортата.
18. Одозгора тортата попсркајте ја со шарени украсни трошки или декорирајте по ваша желба и можност.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови