Се вари млекото со ванилиниот шеќер, во меѓувреме се матат жолчките со шеќерот, се додава брашното, убаво се меша и сето тоа се спојува со млекото. Се вари на тивок оган додека да се добие густ крем. Кремот се остава да се излади. Потоа се додава во маргаринот избиен со шеќерот во прав. Се мати со миксер додека смесата не се изедначи.
Кремот се дели на два дела – во едниот се додаваат 2 супени лажици какао во прав и повторно се мати со миксер за да стане компактно.
24 колачиња се редат во плех натопени во вареното какао измешано со арома по желба (јас ставам банана или ванила). Кога ќе се нареди првиот дел од колачињата, во дупчињата се става крукче банана, па се премачкува кафеавиот фил. Врз него се редат останатите колачиња исто натопени, во дупчињата крукче банана, па белиот фил. Се украсува по желба. Се остава да се стегне неколку часа, па се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови