Во еден сад на оган ги ставаме путерот и путерот од кикирики малку да се растопат.
Потоа ги додаваме крупно дробените лешници и бадеми.
Кратко ги запржуваме колку да добијат убав мирис.
Тргаме на страна и ги додаваме дробените бисквити
Во 8 чаши на дното ставаме по едно лажиче од оваа смеса.
Сега на тивок оган во една касерола ги ставаме мешавината од црвено овошје, стевиата и густинот,
Вариме кратко околу 5 минути и тргаме на страна.
Јас користев овде стапчест миксер со цел да добијам помазна смеса, но не е задолжително.
Половината лажиче желатин го ставаме во една чашка, ставаме 1-2 лажици вода и оставаме да набабри. Потоа го додаваме на претходната смеса. Промешуваме.
Сега во еден сад ја матиме слатката павлака, додаваме засладувач по желба и ја додаваме киселата павлака.
Соединуваме кратко со миксер.
Врз крцкавиот дел ставаме по една лажица од белиот крем, па нанесуваме по 2-3 лажици од црвениот дел.
Оставаме кратко да се стегни,   ја завршуваме декорацијата со останатиот бел дел и крцкавиот дел. Ставаме ливчиња нане. Чуваме во фрижидер 2 часа па послужуваме.
Јас користев вишни, црни рибизли, малини, боровинки
Присутните беа задоволни од приготвениот десерт. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани