Слатката павлака изматете ја и поделете ја на два дела.
Во еден дел ставете стопено чоколадо.
Земете чаши во кои ќе го правите десертот.
Во чашите редете прво дробени бисквити, прелијте ги со слатко од јагоди.
Врз нив ставете павлака со чоколадо, и на крај ставете бела павлака. Одозгора украсете со слатко од јагоди.
Многу убав и освежувачки десерт, а јагодите му даваат посебен шмек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани