Во касерола се затоплува павлаката додека не зоврие.
Се истура кремата врз чоколадите скршени на парчиња и се остава неколку минути. Потоа се меша додека не се соедини убаво, се покрива и стои неколку часа на собна темперарура.
Се загрева рерната на 180 степени. Се премачкуваат со зејтин две помали тави за печење и се става хартија за печење.
Во касерола се става вода, млеко и инстант кафе. На среден оган се загрева додека не зоврие, па се остава да се олади.
Со миксер се матат путер и шеќер додека не се добие кремаста смеса. Се додаваат јајца и ванила и убаво се мати смесата.
Сите суви состојки се соединуваат во сад.
Пола од сувите состојки и пола од оладеното кафе се истураат во претходната смеса и се мати со миксер додека не се соедини. Се додаваат и другите половини и се мати да се добие кремаста смеса.
Се истура смесата подеднакво во двете тави и се пече 30 до 40 мин односно додека не се испече убаво (проверете со чепкалка).
Кога ќе се оладат пандишпаните ако сакате може да ги исечете на половини и да излезат 4 бидејќи се дебели, но јас ја сакам тортава во два дела, пандишпан, ганаш, пандишпан и со останатиот ганаш се премачкува целата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови