Имам сомнеж дека мафините се викаат мафини оти веднаш се прават маф. Ги обожаваме сите по дома и стално си испробувам нови рецепти. Овие се интересни оти се двобојни.

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па постепено додадете ги останатите состојки. Додадете го брашното на крајот и на бавна брзина изматете. Поделете ја смесата на 2 дела, во едниот дел додадете 50 г просеано какао, а во другиот додадете уште 50 г просеано брашно. Измешајте со лажица.
Намрсените калапи полнете ги до 2/3 со истовремено истурање од двете смеси.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час.
Декорирајте по желба, а и нема потреба оти сами по себе се декоративни. Сопругот мој сака чоколадо затоа дел ги направив со чоколадна глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови