За црниот дел:
Бисквитите и оревите се мелат блендер.
Маргаринот и чоколадото стопете ги, додадете ги во мелени ореви и измешајте ја смесата. Додадете шеќер во прав.
За бел дел
Бисквитите измелете ги блендер, додадете кокос, шеќер во прав, топло млеко и топен маргарин измешајте смесата.
Локумот иссечете го на коцки и додадете го во белата смеса.
Земете цедалка за лимон, внатрешната страна постелете ја со најлонска фолија и ставете од црната смеса на ѕидовите, внатре ставете од белата смеса и затворете со црна. Извадете ја од цедалка кулата. Така направете со останатата смеса.
Кулите редете ги на чинија и посипете со какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани