Брза и лесна за подготовка. Најпрво во еден сад, со жица за матење, матете ги јајцата. Откако ќе се запенат, додајте го јогуртот и маслиновото масло. Додавајте постепено од двете брашна. На крај додадете го и прашокот за печиво и посолете по вкус.
Доколку сметате дека, смесата е течна, додадете уште брашно.
Смесата се дели на два дела.
Во првиот дел, се додават доматниот сок, сецканите маслинки, празот, сецканите сушени домати и сувиот босилек. Бидејќи тука додадавате доматно пире, додајте уште една-две лажици брашно и промешајте се заедно.
Во намрснет и набрашнет калап со обрач, (бр, 26),најпрво се истура оваа смеса.
Се става во рерна да се запече, околу 7 минути на 180 степени. Откако од горе ќе фати кора, се вади од рерна и врз кората се редат листовите кашкавал и шунка.
Врз тоа се истура втората смеса, во која сме ги ставиле сецканите моркови, печурки и оригано.
Повторно враќаме во рерна и печеме околу 15 тина минути на 170 степени. Проверуваме, дали е добро испечена. Јас ја допекував уште, 7 минути на 200степени, за да ми фати златно-жолта боја од горе.
Се остава да се излади и се сече на четвртинки.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови