Оваа прекрасна, сочна и многу вкусна обланда е стар рецепт од тефтерот на тетка Милка. Во оригиналниот рецепт се става сечкана урма, но сега рецептот е прилагоден со брусница која јас ја обожавам.

- Шеќерот, водата и маргаринот се топат на оган и штом ќе провријат, тенџерето се трга настрана и се додаваат мелените бисквити, мелените и сечканите ореви и брусницата.
- Се меша сето убаво и смесата се дели на 2 дела при што само во едниот дел се става какаото и се добива кафен фил.
- Листовите обланда претходно се ставаат на влажна крпа да омекнат, па се зема 1 лист, се премачкува со кафениот фил, врз него се става друга обланда, се премачкува со белиот фил и се витка ролат. Постапката се повторува со другите 2 листа обланда.
- Штом се стегне обландата се сечат парчиња дебели околу 5 мм.

Оваа обланда е добар предлог за посните имендени, а секако може да се подготви и во мрсна варијанта со ставање на путер и мрсни бисквити.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани