Многу едноставен за подготовка, а многу декоративен и вкусен ролат. Убавата комбинација помеѓу лешникот и какаото, го прави овој ролат посебен.

1. Во кацетола се става млекото и шеќерот да зовријат.
2. Потоа се додава маргаринот и се меша додека да се стопи.
3. Кон смесата се додаваат кршените бисквити и лешниците и се заедно убаво се меша.
4. Смесата се дели на два дела. Едниот останува светол, а во другиот се додава какао и чоколадни трошки.
5. Обландите се ставаат на влажна крпа да омекнат и примат влага.
6. На едната обланда се распределува белиот фил, а на другата кафеавиот фил.
7. Се ставаат една до друга и се почнува со мотање во ролат, од светлиот кон темниот дел, со помош на крпата. Убаво се стиска за да немате воздух меѓу слоевите.
8. Оставете го ролатот 1 час во фрижидер убаво да се олади и да се врзат филовите со обландата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови