Во сад измешајте го брашното, ванилата, солта и изренданата кора од лимон. Додајте го растопениот маргарин, јајцето и жолчката и замесете тесто кое не се лепи за рацете.Покријте го тестото со прозирна фолија и ставете го во фрижидер да стои 1 час.

Во меѓувреме подгответе ја сместа за полнење. Во подлабок сад измешајте ги бадемите, шеќерот, жолчката и мармаладот и на крај додајте ја предходно изматена белката. На побрашнета површина расукајте го тестото на дебелина околу 3мм и со чаша сечете кругови (Ø 10 цм).
На секој круг ставете по една лажица од филот и преклопете да добиете полукруг. Краевите украсете ги со вилушка.
Ставете ги во тавче. Секоја рафиола премачкајте ја со белка и поросете со шеќер.
Печете во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути.
Печените рафиоли испрскајте ги со домашна ракија и оставите да се изладат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови