Рерната се вклучува да се загрее на 200С.
Се меша изварката со кајмакот, млекото и маслото. Се посолува и зачинува.

Тавата се намастува и се става една кора која се прелива со отприлика по 3 лажици од мешавината. Така врз секоја до 4та на која се става филот: прв ред рендана салама, врз неа грашакот и над него рендан кашкавал и се преклопува пак со кора. Останатите кори се доредуваат по истата постапка како на почетокот.
Врз последната кора се истура целата останата течност (да се потопи убаво).
Користете шолја од 250 мл најмалку, бидејќи како јас прв пар ја правев решив со помала, но не ми стигна за крај, па разматив едно јајце и додадов скоро шолја јогурт, посолив и прелив и со тоа одозгора за убаво да се натопи.
Одозгора можи да се наренда кашкавал.
Се печи 40на минути. Течноста треба да се впие и питата да нарасни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови