1. Во еден сад се става киселото млеко, се додава содата и се остава 5 минути.
2. Во друг сад се става јајцето, шеќерот, ванилата, маста и кората од лимон, се мати да се соедини.
3. Двете течни смеси се соединуваат и му се додава брашно и пецивото.
4. Се замесува меко тесто.
5. Тестото се расукува на набрашнета површина и со модла се сечат кругови.
6. Во секој круг се става по малку слатко или јатка од орев, (мене поубави ми се со слатко).
6. Круговите од тесто се преклопуваат и МНОГУ МАЛКУ се притискаат .
7. Така подготвени се ставаат во тавичка за печење и се премачкуваат со разматено јајце и се поросуваат со шеќер.
8. Се печат во загреана рерна на 180-200 степени до заруменување.

Дозата е голема =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови