Брзо, лесно, а богато јадење без потреба од запршка како еден предлог од мене. Доколку немате од сиот зеленчук, слободно можи да импровизирате и да додавате или одземате.

Најпрво сечкаме. Кромидот на поситно, тиквичката и компирот на коцки и боранијата на 3-4 дела.
Сето тоа се става во тенџере и се додава масло, па се пржи додека омекнат. Потоа се додава морковот изрендан и листовите оригано и босилек, па се пропржува уште некоја минута.
Се налева вода да ги покрие убаво и се остава да се изварат на помала температура. Повремено се ѕирка и се промешува.

На крај се додава конзервираниот грав, гулашот, ловорот и зачините. Се придодава вода ако е потребно и со неа се регулира и густината која ја сакаме. Откако ќе зоврие, се вари уште 5-10 минути, се внимава да се промешува ако ја сакате густа како ние и се трга од шпорет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани