1. Се става квасецот во малка вода заедно со шеќерот, солта, маслото и брашното и убаво се изработува. Треба да се добие меко нелепливо тесто. Ако е тврдо тестото се додава уште малку вода, ако е меко се додава брашно по потреба за да се замеси убаво. Се остава да се одмори 25мин.
2. Се дели тестото на 4 дела (се добиваат 2 пити од ова тесто)
3. Се сука едното тесто во величина колку една голема чинија. Се премачкува обилно со маргарин и се сечи круг (како на сликата). Надворешниот круг се сечи на парчиња не е битно величината и се редат парчињата во средината на кругот(слика). Потоа се тегнат краевитe од тестото и се собираат во топка. Ова е едното тесто кое после се сучи голема кора која ќе е долна кора од питата. Така се прават и со другите 3 кори. Значи една кора долу па фил и втората кора гужвана горе. Две кори за една пита.
4. Филот - се гмечи сирењето се додаваат јајцата и јогуртот и се става врз првото тесто. Одозгора оди гужвана кора и потоа се сечи на осмини и се печи на 250С-30мин. Кога ќе се испече се прелива со студено млеко.
П.С.
Во филот може да се искомбинира сирење со праз, сирење со спанаќ или било што по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани