На масло во длабок сад го запржуваме ситно дробеното кромитче.
Откако ја добие стаклестата боја, се додава доматниот сос.
Јас го спремив на овој начин:
Доматите излупете ги и рендајте на ситната страна од рендето.
Додајте ги во кромитчето и на тивок оган нека крчкаат.
Ставете целер, магдонос,сенф и зачинете го па додајте ги претходно подготвените ќофтеца.
Осатавете да крчка на тивко. Ќофтенцата треба да се прекриени со доматниот сос. Покријте го садот со капак и на многу тивка температура нека се варат додека оривчето во ќофтињата не биде готово.
За подготовка на ќофтето користев 400 гр мелено свинско месо, пола китка магдонос, црн бибер, мешан зачин и сол, лебни трошки, 1 јајце и 100 гр ориз. Сето ова се меси, се формираат топчињата и спремни чекат за да бидат пуштени во сосот.
Забелешка
Во зависност од тоа колку членови ќе имам за ручек, користам пола и цела доза.
На пример го спремам цело ова месо, но половина од готовите топчиња знам да ги складирам во кутија и ги замрзнам.По желба можете да ставите паковка фант за ќофте,но тогаш скратете ги останатите зачини, затоа што ќе ви биде солено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови