Ова ми е прв рецепт на Мои рецепти, на инсистирање на ќерка ми. Тортата ја направив за Нова Година и е превкусна, а рецептот ми е од тетратката од моја блиска пријателка.

Подготовка
За пандишпанот
Се матат белките со шеќерот во цврст снег и се додаваат оревите и бисквитите и се меша со дрвена лажица. Се пече во тавче правоаголно број 30 на хартија за печење на 180 степени околу 15 мин и се дели пандишпанот на 2 ленти.

За филот
Се матат жолчките со шеќерот на пареа, се додаваат мелените бисквити, оревите, чоколадото и се меша убаво и се трга настрана.
Во тенџерче сварете го млекото, нишестето и шеќерот додека не се згусни и оваа смеса измешајте ја со филот со жолчки и оставете да се олади убаво.
На страна изматете маргарин или путер и додадете го на оладениот фил и убаво измешајте.
Филувајте ги двете ленти и на крај премачкајте ја тортата со глазура од растопено чоколадо, маслото, шеќерот и млекото.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови