Вкусен.....
Се матат јацата со шеќерот и ванилата.
Се додава маслото, па млекото, гризот, брашното со пецивото и на крај циметот, кората од лимонот, оревчињата и чоколадото.
Се излева во набрашнет и побрашнет калап со пречник од 30 цм..
Се печи во загреана рерна околу 30 мин. на 180 степени, или до сува чепкалка.
Се остава да се излади.

Се вари шербетот.
Не треба да вари долго, доволно е 5 мин. откако ќе зоврие на умерен оган.Штом зоврие се додава лимоновиот сок и каранфилчето.Ако каранфилчињата се цели се вадат откако ќе го тргнеме од оган шербетот.Се остава малку да здивни и го прелеваме изладениот и исечениот колач со топлиот шербет.
Се остава најмалку 2 часа, убаво да впие и излади, па се послужува.

На здрваје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани