Прво во тенџере ставаме масло па го додаваме брашното, меленото месо, грашокот и лукчето.
Се заедно пржиме на средно силен оган околу 10 минути со постојано мешање.
Кога состојките се испржени (внимавајте да не ви изгори брашното) налеваме околу 1,2 литри топла вода и промешуваме.
Оставаме чорбата да се вари од прилика половина час на тивок оган.
Се служи топла со магдонос.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови