Овој рецепт ми е запишан под името Грчка алва уште пред 30тина години. Нема врска со алва, туку со колач потурен со шербет. Многу вкусен и лесен за подготовка.

Се матат јајцата со шеќерот и се додаваат останатите состојки. Се меша убаво и се истурва смесата во тавче големина 32.
Се пече околу половина час на 180 степени.
Се приготвува шербетот со варење на водата и шеќерот. Можите да направите помалку шербет од дадената количина.
Се потурва колачот жежок и исечен на парчиња, а шербетот оладен.
Се декорира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови